• петок, 22 ноември 2024

Прошетка „низ воздухот“ во Њујорк

Прошетка „низ воздухот“ во Њујорк
Лос Анџелес, 20 октомври 2021 (МИА) - „Воздух“ - уметничка инсталација на уметникот Кензо Дигитал - се отвора в четвртокот во неодамна завршениот облакодер „Уан Вандербилт“ (One Vanderbilt) во општината Менхетн. Тој сега е четврта највисока зграда во Големото Јаболко. Целосно стаклениот лифт, вклучувајќи го и подот, ги крева авантуристите до висина од 360 метри за само 42 секунди. Според Кензо, кој е познат по соработката со пејачката Бијонсе, искуството предизвикува „поглед на пространството и го потопува посетителот меѓу облакодерите и другите зданија“. - Тоа е еуфорично и „мултисетилно“!, вели тој. „Уан Вандербилт“, веднаш до станицата „Гранд централ“, е висок 430 метри. Повисоки се само Светскиот трговски центар 1, како и станбените кули „Централ парк“ и „111 западна 57-ма улица“ во Њујорк.  си/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан