Хидроелектраните „Глобочица“ и „Шпилје“ клучен балансер на македонскиот енергетски систем
- Eден од клучните проекти во поставување на основата на современата енергетска инфраструктура во Македонија, хидроелектраните „Глобочица“, 60 години, и „Шпилје“, 56 години, се значаен фактор во македонскиот електроенергетски систем. Од почетокот со работа во 1965 година од хидроелектраната „Глобочица“ досега произведени се над 10,60 милијарди киловат-часа електрична енергија, а од „Шпилје“ над 15 милијарди киловат-часа електрична енергија. Тоа, според процените, во согласност со сегашната ревалоризирана просечна цена на европските берзи од речиси 100 евра за мегават, во државниот буџет донело приближно 2,5 милијарди евра. Речиси десет отсто од вкупното домашно производство на електрична енергија, односно 40 проценти од вкупното хидропроизводството му припаѓа на овој хидроенергетски систем.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.