• петок, 22 ноември 2024

Професор Кунчев прогнозира нов„локдаун“ на Бугарија во средината на октомври поради Ковид-19

Професор Кунчев прогнозира нов„локдаун“ на Бугарија во средината на октомври поради Ковид-19

Софија, 29 септември 2021 (МИА) - Според познатиот математичар од Бугарската академија на науките, проф. Огњан Кунчев, најверојатно ќе има нов „локадаун“ во Бугарија околу 15 октомври поради раст на новозаразени со Ковид-19, јави дописникот на МИА од Софија.

Според пресметките на проф. Кунчев, кон средината на октомври ќе има над 10.000 новозаболени лица дневно и тој предлага построги мерки и ограничувања за бројот на лица во затворени простории, кои претходно доведоа до намалување на бројот на нови случаи.

Тој потсети дека се потребни најмалку од 15 до 20 дена за примена на какви било рестриктивни мерки за да се види резултатот од нив. нк/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан