• вторник, 19 ноември 2024

Протест на „Србија против насилството“ во Белград, студентите за утре најавуваат целодневна блокада пред Министерството за државна управа

Протест на „Србија против насилството“ во Белград, студентите за утре најавуваат целодневна блокада пред Министерството за државна управа

Белград, 28 декември 2023 (МИА) - Приврзаниците на коалицијата „Србија против насилството“ (СПН) вечерва одржаа уште еден протест пред зградата на Републиканската изборна комисија (РИК), а го завршија како претходната вечер пред зградата на РТС.

Претставниците на коалицијата СПН пред РИК ги повторија барањата за повторување на изборите, а потоа незадоволни од известувањето на тој медиум ги повикаа насобраните на протестен марш кон РТС.

Еден од носителите на листата, Мирослав Алексиќ изјави дека РТС „останала нема“ за се што се случувало изминатите денови, како и за штрајкот со глад на нивните колеги.

Претставници на коалицијата порачаа и дека го поддржуваат протестот што студентите го најавуваат за утре.

На средбата беа присутни претставниците на коалицијата СПН Александар Јовановиќ Ќута, Срѓан Миливојевиќ, Мирослав Алексиќ, Ѓорѓе Павиќевиќ, Мила Поповиќ, Владимир Обрадовиќ, Радомир Лазовиќ, Небојша Зеленовиќ.

Претставникот на студентите, Никола Ристиќ, претходно на социјалната мрежа „Х“ објави дека студентите утре напладне ќе се соберат пред Министерството за државна управа и локална самоуправа, каде што имаат намера да останат до сабота до 12 часот, кога, како што рече, ќе се приклучат на протестот на иницијативата „Проглас“. Протест вечерва се одржа и во Зрењанин. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан