• понеделник, 23 декември 2024

Протест и контрапротест во Тулуз

Протест и контрапротест во Тулуз
Париз, 16 мај 2020 (МИА) - Првиот викенд од излегувањето од изолација, Жолтите елеци сакаа да го искористат за демонстрации и покрај забраната за собирање на повеќе од десет лица, со оглед на тоа дека вонредната санитарна состојба се уште е во сила. Собирот во Тулуз доведе до тензии помеѓу Жолтите елеци и антикапиталистички активисти од една и трговците од друга страна, јави дописникот на МИА. Истовремено, неколку десетици трговци демонстрираа исто така во Тулуз, поддржани од градоначалникот од редовите на републиканците, Жан-Лук Муденк, како одговор на повиците од Жолтите елециза продолжување на пшротестите. Собирот, на кој главно се собраа претставници на трговските здруженија, предизвика неколку напнати размени со некои „жолти елеци“ и анти-капиталистички активисти. Вторите, рано попладнето имаа мали расфрлани групи во центарот на градот, растурени од бројните полициски сили, кои на учесниците им написаа казни. п - Ние сме тука да кажеме дека е неодговорно од страна на Жолтите елецида се демонстрира кога пшостои ризик од  од зараза и дека е неодговорно да се блокираат продавниците, изјави Филип Леон, од Здружението на трговците од центарот на градот Тулуз. Во попладневните часови, големите полициски сили останаа распоредени во центарот на Тулуз, еден од бастионите на Жолтите елеци од самиот почеток на Движењето, за да се спречи какво било прегрупирање на демонстрантите. Еден од лидерите на Жолтите елеци, Жером Родригез денеска ги повика граѓаните на протести, истакнувајќи дека „веќе два месеца владее фрустрација“. Додека друг претставник на Жолтите елеци, Франсоа Було наведе дека очекува бран на незадоволство во Франција и оти Движењето ќе биде дел од идните протести. Движењето Жолти елеци протестираше секој викенд од ноември 2018 година. тг/ми/

Остани поврзан