• недела, 17 ноември 2024

Протест во Тирана поради сексуалното злоставување на девојчиња, осуда и од поглаварот на МЗА

Протест во Тирана поради сексуалното злоставување на девојчиња, осуда и од поглаварот на МЗА
Тирана, 23 мај 2021 (МИА) - На плоштадот „Скендербег“ во центарот на Тирана, денеска се одржа протест против сексуалното насилство врз деца, кој продолжи со кус марш. Протестот го организираа граѓански организации, откако пред неколку дена јавноста беше згрозена од веста за групно силување на 15-годишно девојче во Решен, област Мирдита, во северниот дел на Албанија. Девојчето го силувале петмина мажи, на возраст од 17 до 44 години, кои веќе се во притвор, како и вчерашниот случај, во кој 19-годишник злоставувал 13-годшно девојче. Учесницте носеа транспаренти „Не убивај го моето детство, воспитувај го својот син “ „Ние сме со вас“; „Не сте сами“, „Не молчете, пријавете“ а беа извикувани и други слични пароли. Меѓу стотици граѓани, претежно девојчиња и граѓански активисти, една девојка протестираше гола. Протести во изминатите два дена имаше и во Решен, Шешкппеја, Драч, како во други градови, поради „зачестените сексуални злоставувања на девојчиња“. Поради ваквите немили случаи во земјата реагираше и Поглаварот на муслиманската заедница во Албанија, Бујар Спахиу, оценувајќи ги како неприфатливи. - Секој случај на злоупотреба врз жени, најдобрата половина од човечкото општество, е неприфатлив. Шокантен е последниот случај на злоупотреба на малолетничката во Мирдита. Освен реакцијата на надлежните органи, која треба да биде брза и за пример реакција, таква треба да биде и реакцијата на целото општество, се наведува во пораката на Спахиу. Тој додаде дека ваквите случаи мора да бидат казнети без најмало двоумење од секого, зашто „ние сме обврзани да реагираме на злото во каква било форма“. вт/ми/  

Остани поврзан