• четврток, 19 декември 2024

Протест во Минск, уапсени десетици луѓе

Протест во Минск, уапсени десетици луѓе
Москва, 22 ноември 2020 (МИА) - Белоруската полиција денеска уапси десетици луѓе во Минск за време на последниот антивладин протест, кој трае со месеци по спорните претседателски избори во август, соопштија активисти за човекови права. Илјадници граѓани излегоа на улиците во Минск, а полицијата користеше зашеметувачки гранати за да ја растера толпата, објавија неколку белоруски медиуми. Групата за заштита на човековите права Весна-96 соопшти дека досега се уапсени 70 лица. Организаторите на протестот оваа недела побараа од луѓето да се соберат на различни места во Минск пред да се формира поголема група луѓе за да и биде потешко на полицијата да ги контролира. Агенцијата ТАСС јави дека повеќе од десетина демонстранти биле уапсени во близина на метро-станицата Каменаја Горка во северозападниот дел на Минск. паг/

Остани поврзан