• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Протест во Кочани, се бара одговорност

Протест во Кочани, се бара одговорност

Скопје, 17 март 2025 (МИА) - Граѓани кои денеска се собраа во Кочани, барајќи одговорност за трагичната несреќа во која загинаа 59 лица, пред општинската зграда фрлаат со јајца и бараат да излезе градоначалникот.

Протестот почна од паркот, но продолжи пред општинската зграда со извици „Бараме правда“, „Секој еден, може да е следен“, „Убијци“.... 

Во моментот, протестот повторно се префрла во паркот. 

Во пожарот во дискотека во Кочани, според последните официјални информации, загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. та/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан