• вторник, 24 декември 2024

Протест во Атина за поддршка на барањата на осудениот грчки терорист Куфодинас

Протест во Атина за поддршка на барањата на осудениот грчки терорист Куфодинас
Атина, 27 февруари 2021 (МИА) – Мирно заврши протестот во центарот на Атина, организиран од оние кои ги поддржуваат барањата на осудениот грчки терорист Димитрис Куфодинас, кој штрајкува со глад, додека пак на островот Крит во текот на ноќта, неговите поддржувачи ги нападнаа канцелариите на Нова демократија и семејната куќа на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Денешниот протест пред грчкиот Парламент го организираа правниците и адвокатите во рмките на иницијативата „Апел за животот на затвореникот штрајкувач со глад Куфодинас“, потпишан од над 1.000 лица, но на ни им се придружија и левичарски ориентирани здруженија и организации. Адвокатите и правниците сметаа дека „ часовите што ги поминуваме се последните, пред Грција да се најде меѓу земјите во кои умираат затвореници штрајкувачи на глад“. Поддржувачите на Куфодинас веќе неколку дена предизвикуваат инциденти со упади во политички канцеларии на членови на Владата, а во текот на ноќта на мета беа канцеларијата на Нова демократија и семејната куќа на Мицотакис во градот Хања на островот Крит. Од Нова демократија соопштуваат дека со постапките „поддржувачите на серискиот убиец Куфодинас продолжуваат да го провоцираат секој демократски граѓанин“. -Нивните континуирани напади со кои бараат привилегиран третман за осудениот за 11 убиства, не плашат никого. Демократијата и влдеењето на правото ниту се заплашуваат, ниту се уценуваат, соопштуваат од владејачката партија. Осудениот терорист, еден од лидерите на терористичката организација „17 Ноември“  на 8 јануари започна штрајк со глад и веќе неколку дена, одбива и течности, а неговиот лекар Тодорис Сдукос, завчера, во писмена изјава за медиумите рече дека „Димитрис Куфодинас е во опасност да го загуби животот во следни два дена“. Куфодинас, преку штрајкот со глад бара да биде префрлен во затворот „Коридалос“ во Атина, каде што и започна да ја издржува неговата казна и токму затоа, правниците преку нивната иницијатива велат дека неговото барање е законско. ср/ссм/

Остани поврзан