• петок, 22 ноември 2024

Протестот остави пустош во Тирана

Протестот остави пустош во Тирана
Тирана, 9 декември 2020 (МИА) - Повредени најмалку десетина полициски службеници, оштетувања на владиниот објект и на Министерството за внатрешни работи, оштетени полициски возила, уништен дел од новогодишното украсување, запалени новогодишни елки, запалени контејнери е билансот од протестот одржан вечерва во Тирана, јави дописничката на МИА. Тричасовниот протест почна пред Министерството за внатрешни работи каде беа фрлани тврди предмети со барање оставка на министерот Сандер Лешај, продолжи пред Владата, потоа пред општина Тирана, па на плоштадот „Скендер бег“. Беа фрлани и петарди, камења и други предмети. Имаше обид за насилно влегување во Владата, но таму интервенираа припадниците на специјалната полициска единица, беа и гардистите и други полициски структури. Кога протестот ескалира со насилство врз имотот полицијата беше принудена да употреби солзавец, по што протестантите се разотидоа. Простестот го организираа граѓаните преку социјалните мрежи под мотото „И ние сме Клодјан“, по вчерашното убиство на 25-годишниот Клодјан Раша, во населбата Лапрак во Тирана. Протести имаше и во други градови, Ѓирокастро, Валона, Драч. вт/

Остани поврзан