• вторник, 26 ноември 2024

Протести ширум Франција против ковид пасошот

Протести ширум Франција против ковид пасошот

Париз, 17 јули 2021 (МИА) - После првиот ден на демонстрациите на 14 јули, илјадници луѓе денеска повторно протестираат ширум Франција против најавите на претседателот Емануел Макрон за проширување на употребата на здравствениот пасош, кој ќе биде усвоен в понеделник во Советот на министрите, јави дописникот на МИА.

На собирите се појавија илјадници луѓе во големите градови во Франција, поддржани од личности од сите политички бои, како што се Франсоа Руфин (Непокорна Франција), Никола Дупон-Ењан (Франција простум), Флориан Филипот ( Патриоти) и Франсоа Аселино (Народна републиканска унија). Во Париз, имаше три различни демонстрации против вакцинацијата, „диктатурата“ и здравствениот пасош.

Првата поворка, составена од неколку илјади луѓе, тргна од Палатата Роајал пред да ја премине Сена со извици „Слобода“, „Не за здравствената диктатура“ или „Оставка на Макрон“. На чело на поворката беа Флоријан Филипо од Национален фронт, поранешната пратеничка од Републиката во марш, ковид скептикчката Мартин Вонер, пејачот Франсис Лалан и поранешната муза на Жолтите елеци Жаклин Моро.

Во исто време, околу 1.500 луѓе демонстрираа во јужниот дел од Париз. Тие носеа транспаренти - „Посакуваната Француска демократска Република, исчезна на 12 јули 2021 година“, „Не за здравствениот пасош, стоп за диктатурата“, како и „ Слобода“ и „Макрон диктатор “.

Во Перпињан, околу 1.200 лица демонстрираа извикувајќи „оставка од Макрон“ или „Слобода, слобода“, додека префектурата ги засилува мерките за спречување на ширење на Ковид-19 во департманот. Околу 400 луѓе се собраа пред префектурата пред да дефилираат во историскиот центар на каталонскиот град.

Повеќе луѓе носеа жолти sвезди на нивните маици и носеа пароли кои правеа паралела помеѓу ловот на Евреите и противниците на вакцините.

Во Лил, 2.000 луѓе се собраа на плоштадот Република. Според информациите од Радио Франс Блу Норд, споредбите со Втората светска војна биле многубројни во поворката.

Во Дижон, полицијата употреби солзавец и сообраќајот на трамвајот беше кратко прекинат од демонстрантите кои извикувајќи „Слобода! Слобода!“.

Демонстрации се одржаа и во многу други градови во Франција. Околу 400 луѓе утрово учествуваа во протстниот марш во Кампер, 3000 луѓе во Стразбур, 1700 во Клермон-Феран, 2300 во Валенс (Дром). Демонстрации имае и во По, Каен, Шамбери, Бордо, Екс-ан-Прованс, Нарбон, Антиб, Марсеј, Лион и Мец. тг/ми/

Остани поврзан