• среда, 17 јули 2024

Протести во Милано против зелениот Ковид сертификат

Протести во Милано против зелениот Ковид сертификат
Милано, 31 октомври 2021 (МИА) - Неколку илјади луѓе синоќа во Милано протестираа против владините пандемиски мерки, јави ДПА. Протестот беше против зелениот сертификат, што е доказ дека некое лице е вакцинирано, има негативен тест или прележал Ковид. Тоа е неопходно за сите работници во државата. „Не за зелениот сертификат“, скандираа демонстрантите. На протестот имаше распоредено голем број полицајци со штитови и шлемови. Според полицијата, во демонстрациите учествувале повеќе од 4.000 луѓе, пренесе АНСА. паг/    

Остани поврзан