• петок, 22 ноември 2024

Протести во Лондон поради „заклучувањето“, уапсени 12 демонстранти

Протести во Лондон поради „заклучувањето“, уапсени 12 демонстранти
Лондон, 9 јануари 2021 (МИА) - Лондонската полиција денеска уапси 12 демонстранти на протестот во јужниот дел на градот, организиран поради мерките против ширењето на коронавирусот. Протестот е организиран во момент кога е зголемен бројот на нови случаи во британската престолнина, како и товарот врз болниците, пренесува Би-Би-Си. Полицајците, кои се обидоа да ја растераат толпата, се судрија со некои од демонстрантите кои протестираа без маски  во јужниот дел на Лондон, а шест полициски комбиња беа распоредени на местото на настанот, наведува британскиот јавен сервис. Градските власти велат дека болниците сега се 35 проценти повеќе оптоварени отколку што беа во екот на пандемијата во април, додава Би-Би-Си. паг/

Остани поврзан