Протести во Иран против САД и Израел по нападите во текот на ноќта
- Луѓето излегоа на улиците во Техеран и други ирански градови за да демонстрираат откако САД нападнаа нуклеарни постројки во земјата во текот на ноќта.

Техеран, 22 јуни 2025 (МИА) - Луѓето излегоа на улиците во Техеран и други ирански градови за да демонстрираат откако САД нападнаа нуклеарни постројки во земјата во текот на ноќта.
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан беше меѓу демонстрантите.
Учесниците во демонстрациите организирани од државата извикуваа слогани против САД и Израел.
Интервенцијата на САД во тековната војна меѓу Израел и Иран означи сериозна ескалација на конфликтот.
Иран се закани дека ќе возврати на нападите на САД, а министерот за надворешни работи Абас Арагчи зборуваше за „вечни последици“. мс/
фото: МИА архива