• вторник, 05 ноември 2024

Просечната плата во ноември лани 38.359 денари

Просечната плата во ноември лани 38.359 денари

Скопје, 23 јануари 2024 (МИА) - Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2023 година, изнесува 38.359 денари и во однос на ноември 2022 година, е зголемена за 16,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (23,8  проценти), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (22 проценти), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19.4 проценти).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот ( 8 проценти), Рударство и вадење на камен (5,9  проценти), Финансиски дејности и дејности на осигурување (4,6  проценти).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2023 година, изнесува 57 609 денари. лв/дма/

фото: МИА архива 

Остани поврзан