• сабота, 23 ноември 2024

Просечната плата во декември 28.294 денари, забележан раст од 5,4 отсто

Просечната плата во декември 28.294 денари, забележан раст од 5,4 отсто
Скопје, 23 февруари 2021 (МИА) - Просечната исплатена нето плата во декември 2020 година изнесувала  28 294 денари и бележи раст од 5,4 отсто, објави Државиот завод за статистика. Според објавените податоци, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите информации и комуникации за 15,5 отсто, рударство и вадење на камен за 10,5 отсто и дејности на здравствена и социјална заштита за 10 отсто. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите информации и комуникации за 14,4 отсто, финансиски дејности и дејности на осигурување 12,5 отсто и рударство и вадење на камен за 10,6 отсто. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2020 година, изнесува 42 227 денари.скс/лв/

Остани поврзан