Пропалестински активисти во Белгија уништија воена опрема наменета за Украина
- Упадот се случил околу 4:50 часот наутро во магацинот на OIP Land Systems во градот Турне. Активистите се членови на движењето „Стоп за вооружување на Израел“, а за време на рацијата кршеле прозорци, пишувале графити и оштетувале оклопни возила со чекани.
Брисел, 27 јуни 2025 (МИА) – Над 100 пропалестински активисти упаднаа во магацин за воена опрема во Белгија во понеделникот рано утрината и предизвикаа штета од над 1,1 милион долари на воена опрема наменета за украинската армија.
Упадот се случил околу 4:50 часот наутро во магацинот на OIP Land Systems во градот Турне. Активистите се членови на движењето „Стоп за вооружување на Израел“, а за време на рацијата кршеле прозорци, пишувале графити и оштетувале оклопни возила со чекани.
Според компанијата, оштетената опрема не била наменета за израелската армија, туку за украинските сили кои се борат против руската инвазија.
Претседателот на компанијата OIP Land Systems, Фреди Верслујс, изјавил дека нападот предизвикал значителна материјална штета, но и дека последиците ќе бидат ограничени на „околу еден месец доцнење во испораката на возила во Украина“.
-Ние не продаваме ништо на Израел. Вандалите упаднале во хангарот и оштетиле големо количество опрема, додаде тој.
Přibližně 150 propalestinských aktivistů vniklo 23 června do skladů společnosti v belgickém Tournai a vandalizovalo obrněná vozidla… která byla určena pro Ukrajinu.
— 🍀Tomáš Doupal 🇨🇿 (@TomasDoupa39474) June 26, 2025
V rámci kampaně „Stop Arming Israel“ 150 „aktivistů“ zničilo kanceláře společnosti kladivy a poté se obrátilo ⬇️ pic.twitter.com/5Dfd86yqiD
OIP Land Systems е дел од OIP Sensor Systems, која е во сопственост на израелската одбранбена компанија Elbit Systems. Иако врската со сопственоста со Израел е јавна, менаџментот истакнува дека оваа белгиска подружница не извезува оружје за израелската армија.
Движењето „Стоп на вооружувањето на Израел“ тврди дека идентификувало „десет белгиски компании поврзани со израелската воена индустрија“.
OIP Land Systems веќе испорача стотици оклопни возила во Украина откако започна руската инвазија во февруари 2022 година. Фабриката во Турне е позната како едно од најголемите приватни складишта за оружје во Европа и е клучно за снабдување на украинските сили со тенкови и оклопни возила.сд/
фото: Скриншот од ЈуТјуб