• петок, 22 ноември 2024

Пропадна враќањето на Конор МекГрегор во октагонот

Пропадна враќањето на Конор МекГрегор во октагонот

Лас Вегас, 14 јуни 2024 (МИА) - Враќањето на Конор МекГрегор во кафезот повторно е одложено.

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, на социјалните мрежи објави дека борбата меѓу Ирецот и Мајкл Чендлер, која требаше да биде главен настан на УФЦ 303, пропаднала поради повреда на борецот од Даблин.

Шампионот на УФЦ во полутешка категорија Алекс Переира ќе ја брани титулата во реваншот против Јиржи Прохаска на главниот настан на УФЦ 303, на местото на МекГрегор-Чендлер.

Променет е и последниот загревачки меч на боречката гала, која треба да се одржи на 29 јуни во Лас Вегас. Џамал ​​Хил се повлече од пресметката со Карлос Улберг поради повреда. Тоа место ќе го пополнат Брајан Ортега и Диего Лопез во перо категорија. Улберг доби нов противник - поранешниот претендент за титулата Ентони Смит.

Последната борба на Конор беше во 2021 година, кога поранешниот шампион во две дивизии ја скрши ногата во ММА дуелот со Дастин Поарје. дс

Фото: Архива

Остани поврзан