• петок, 22 ноември 2024

Пронајден починат мигрант во езерцето кај кумановското село Речица

Пронајден починат мигрант во езерцето кај кумановското село Речица
Куманово, 11 февруари 2022 (МИА) - Тело на машко лице, мигрант било пронајдено во водите на езерото во кумановското село Речица, соопшти денеска СВР Куманово. На телото немало траги на насилство. - Вчера во 16:03 часот во СВР Куманово било пријавено дека во водите на езерото во село Речица било пронајдено тело на машко лице – мигрант. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, информираше полицијата. За настанот бил запознаен Јавен обвинител по чија наредба телото било дадено на погребно претпријатие.ам/вј/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан