• петок, 22 ноември 2024

Пронајдено уште едно безживотно тело на грчкиот остров Лезбос

Пронајдено уште едно безживотно тело на грчкиот остров Лезбос
Атина, 3 март 2022 (МИА) – Бројот на загинати мигранти во близина на грчкиот остров Лезбос, се зголеми на седум лица, откако спасувачкиот тим пронајде уште едно безживотно тело, јави дописничката на МИА од Атина. Засега не постојат информации кога и под кои околности се превртил чамецот во кој се пренесувале лицата, кои веројатно од турското крајбрежје тргнале кон Лезбос, а непознат е и бројот на патници и дали има и други исчезнати. Во понеделникот на брегот во југоисточниот дел на островот, беа пронајдени безживотните тела на шест лица, тројца мажи и три жени, кои се удавиле додека со чамец се упатувале кон Лезбос. Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис завчера рече дека соработуваат со меѓународните организации за да се идентификуваат згинатите и да се известат нивните семејства и ја истакна потребата да се зајакне борбата против криумучарите, но и да се запрат нелегалните премини од Турција во Грција за бегалци и мигранти. ср/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан