• недела, 22 декември 2024

Пронајдено телото на работникот од Кавадарци кој беше пријавен за исчезнат

Пронајдено телото на работникот од Кавадарци кој беше пријавен за исчезнат
Кочани, 24 мај 2022 (МИА) – Во десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“, во близина на кочанското село Бања, доцна попладнево е пронајдено безживотното тело на 27-годишниот Р.А. од Кавадарци, кој вчера беше пријавен дека е исчезнат. -Полициски службеници во соработка со вработени од водостопанската подружница „Брегалница“ и од Територијалната противпожарна единица попладнево околу 19 часот го најдоа телото на исчезнатото лице кај еден од испустите за вода во близина на црквата во Бања. По наше барање претходно беше намален водостојот во каналот, со што потрагата беше олеснета. Лицето паднало во каналот за наводнување кај селото Тркање додека работело на инсталација на фотоволтаична централа за електрична енергија, по што негов колега случајот го пријавил во Полициската станица, изјави Александар Максимов, началник на Одделението за внатрешни работи од Кочани. Увид на местото на настанот прават полициски екипи, а повикан е и јавен обвинител од Кочани кој треба да одреди дали ќе се врши обдукција врз телото на починатиот. та/бак/    

Остани поврзан