• понеделник, 23 декември 2024

Пронајдено оружје и фалсификувани пари, поведена истрага против едно лице

Пронајдено оружје и фалсификувани пари, поведена истрага против едно лице

Скопје, 7 февруари 2024 (МИА) -  Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ и „фалсификување пари“.

Осомничениот, како што соопшти Јавното обвинителство, во својата куќа во селото Шипковица, неовластено држел автоматска пушка и две рамки со 12 куршуми со калибар 7,62мм. При претрес во неговиот дом, полициските службеници пронашле и фалсификувани парични средства во вкупен износ од 4.020 евра и 300 франци, кои осомничениот ги фалсификувал со намера да ги пушти во оптек.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан