• понеделник, 23 декември 2024

Пронајдено машко тело во атар на кавадаречко Ваташа, предадено на обдукција

Пронајдено машко тело во атар на кавадаречко Ваташа, предадено на обдукција

Кавадарци, 4 септември 2024 (МИА) - Полициски службеници од ОВР - Кавадарци синоќа пронашле тело на починато машко лице во атар на кавадаречкото село Ваташа, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес.

По преземени мерки и препознавање од семејството, утврдено било дека се работи за 80-годишниот А.В. од Ваташа. На 26 август, неговиот 57-годишен син В.В. пријавил дека тој се оддалечил од домот.

Како што појаснуваат од СВР - Велес, по овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР - Кавадарци. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан