• петок, 22 ноември 2024

Пронајдени 12 осакатени тела во внатрешен судир на нарко картел во Монтереј 

Пронајдени 12 осакатени тела во внатрешен судир на нарко картел во Монтереј 

Монтереј, 27 септември 2023 (МИА) - Осакатени трупови и распарчени делови од тела на 12 лица се пронајдени вчера на седум локации низ градското подрачје на Монтереј, индустрискиот главен град на Мексико, откако новиот бран на насилство ги вознемири жителите на градот.

Британските медиуми наведуваат дека овие ужасни слики потсетуваат на крвавиот период од претходната деценија кога конфликти меѓу наркокартелите го зафатија Монтереј, а телата на жртвите беа или оставени на улиците или обесени од мостовите на градот.

Таквата бруталност денеска генерално помалку се применува во градот што неодамна беше избран за локацијата на новата фабрика за автомобили Тесла.

Властите соопштија дека вчерашните судири се чини дека биле координиран напад и најверојатно биле предизвикани од внатрешни борби во рамките на криминалната група со седиште во пограничната држава Тамаулипас.

-Од пораките што беа оставени (на телата), може да се заклучи дека постои корелација (со внатрешни конфликти), рече државниот обвинител Педро Хардон, одговарајќи на новинарски прашања.

Фотографии од наводно пронајдените пораки кружат во локалниот печат, а социјалните мрежи сугерираат дека убиствата ги извршиле членови на североисточниот картел како одмазда за наводни инфилтрации во нивната организација. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан