• понеделник, 20 мај 2024

Пронајдени 12 мигранти од Непал во возило управувано од српски државјанин

Пронајдени 12 мигранти од Непал во возило  управувано од српски државјанин

Скопје, 15 ноември 2023 (МИА) - Дванаесет мигранти од Непал вчера се пронајдени на патот Табановце-Куманово во возило „фолксваген пасат“, управувано од српски државјанин.

- Вчера околу 17:50 часот на автопатот „Пријателство“, делница Табановце-Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода М.М.(34) од Република Србија, информираат денека од МВР.

Мигрантите биле во возилото „фолксваген пасат“ со регистарски ознаки на друго возило.

М.М. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан