• понеделник, 23 декември 2024

Пронајдена порака од Првата светска војна, испратена по гулаб

Пронајдена порака од Првата светска војна, испратена по гулаб
Париз, 9 ноември 2020 (МИА) - Капсула со писмо од Првата светска војна, беше пронајдена случајно од една француска двојка на истокот на земјата. Тоа се случило во септември, при прошетка во парк во Ингерсхајм. Белешката е на пруски војник, кој писмото го испратил по гулаб пред повеќе од еден век. - Пораката на пешадијата стационирана во Ингерсхајм подробно ги опишува воените маневри и била испратена до надреден офицер, вели Доминик Жарди, кустос на музејот „Линц“. Белешката е на германски јазик, а датумот не се чита јасно, но се чини дека е напишана или 1910 или 1916 година. Во тоа време, Ингерсхајм - сега во француската област Грант Ест - беше дел од Германија. Жарди смета дека ова е исклучително ретко и важно откритие за некои од најкрвавите битки во Првата светска војна. Тој рече и оти побарал од еден германски пријател да му помогне во дешифрирањето на пораката.  си/сд/

Остани поврзан