Пронајдена марихуана, приведени три лица, едното е во притвор
- Полициски службеници од ОВР Кочани вчера во Кочани ги лишија од слобода Е.Џ.(35), М.Џ.(27) и Е.Д.(50), сите од Штип.
Кочани, 7 февруари 2026 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Кочани вчера во Кочани ги лишија од слобода Е.Џ.(35), М.Џ.(27) и Е.Д.(50), сите од Штип.
Како што информира МВР, во 15:05 часот на ул.„Стамен Манов“ во Кочани, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.Д., а при извршен преглед кај М.Џ. била пронајдена и одземена марихуана.
Судија од Основниот суд Кочани одреди мерка притвор од 30 дена за М.Џ. и тој е спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Куманово. ис/мд/
фото: МВР