• вторник, 24 декември 2024

Промоција на романот „Библиотекарката од Аушвиц“ на шпанскиот писател Антонио Г. Итурбе

Промоција на романот „Библиотекарката од Аушвиц“ на шпанскиот писател Антонио Г. Итурбе
Скопје, 30 септември 2022 (МИА) - Во ЕУ Информативниот центар „Europe hоusе“ во Скопје денеска ќе се одржи официјалната промоција на романот „Библиотекарката од Аушвиц“ од шпанскиот писател Антонио Г. Итурбе. Книгата на македонски јазик е објавена од издавачката куќа „Бата прес“, а на промоцијата ќе учествува и авторот Итурбе. Станува збор за роман кој е преведен на повеќе од 30 јазици. Книгата е дел од проектот на издавачот „Отворени книги, отворени граници“ и е поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и од Секторот за европски интеграции во Министерството за култура. Македонското издание медиумската најава ја имаше на „Фестивалот на книгата 22“ и за романот има голем интерес меѓу љубителите на книгата кои сега ќе имаат можност да се сретнат со авторот. Настанот е отворен за сите посетители и е бесплатен. Антонио Итурбе (Antonio Iturbe) е писател, новинар и универзитетски професор. Роден е во 1967 година, а уште од рана возраст живеел во Барселона. Со романот „Библиотекарката од Аушвиц“ стекна светска слава, кој беше и најпродаван роман според „Сандеј тајмс“.фф/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан