• понеделник, 23 декември 2024

Промоција на публикацијата „Францускиот предлог“: Говор на омраза, дезинформации, медиумски манипулации“

Промоција на публикацијата „Францускиот предлог“: Говор на омраза, дезинформации, медиумски манипулации“
Скопје, 30 септември 2022 (МИА) - Институтот за медиуми и аналитика ИМА денеска ќе ја промовира публикацијата „Францускиот предлог“: Говор на омраза, дезинформации, медиумски манипулации (медиумски анализи). Во неа има анализи кои ги идентификуваат карактеристиките и елементите на говорот на омраза, дезинформациите и медиумските манипулации што преовладуваа во јавниот дискурс за време на дебатата за „францускиоит предлог“ и како тие се пресликуваат во актуелниот комуникациски амбиент во земјата во контекст на предложената рамка за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ. Во рамки на настанот ќе се одржи и дискусија, на која ќе говорат авторите на анализите и текстовите што се дел од публикацијата: Катерина Колозова, Зоран Бојаровски, Сефер Тахири, Жарко Трајаноски и Петрит Сарачини, кој е и модератор на настанот. По излагањата на авторите предвидена е дискусија со учесниците и присутните на настанот. вј/бак/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан