• сабота, 06 декември 2025

Промоција на научното дело „Македонски дијалектен атлас“

Промоција на научното дело „Македонски дијалектен атлас“

Скопје, 28 мај 2025 (МИА) - Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе се одржи промоцијата на Македонскиот дијалектен атлас (од ризницата на картотеката – лексички материјали) во издание на МАНУ и Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

За ова дело беше доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2025 година како особено значајно остварување од интерес за Македонија во областа на науката.

-Ова научно дело ја отсликува работата на сите претходници и современици, а со тоа исцртува не само слика за лексичкото богатство на македонската дијалектна територија, туку и слика за долгогодишната ангажираност на дијалектолозите во овој мошне значаен проект за македонистиката и за славистиката, напиша на Фејсбук министерката за образование и наука Весна Јаневска.  дма/лв/

Фото: Принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан