• петок, 19 јули 2024

Промоција на летни активности на отворено во Ски–центарот „Попова Шапка“

Промоција на летни активности на отворено во Ски–центарот „Попова Шапка“
Скопје, 25 јули 2021 (МИА) - На крајната станица на шестоседата жичарница во Ски–центарот „Попова Шапка“ денеска ќе биде претставена понудата на угостителите и бројните активности на отворено што ги нуди ски-центарот оваа сезона. Како што информираат од ЕЛЕМ ТУРС, на настанот кој е предвидено да започне во 10 часот, покрај запознавањето со целокупната понуда на Попова Шапка посетителите ќе можат да се уживаат во дегустација на разновидна, традиционална храна подготвена од тур-операторите на Попова Шапка. Настанот ќе биде проследен и со музика со ди-џеј. ар/дма/

Остани поврзан