• понеделник, 23 декември 2024

Промоција на „Куфер“ - збирка поезија од Ерол Туфан во МКЦ

Промоција на „Куфер“ - збирка поезија од Ерол Туфан во МКЦ
Скопје, 11 април 2022 (МИА) - На платото пред МКЦ вечер ќе биде промовирана збирка поезија од Ерол Туфан насловена „Куфер“. Стихозбирката „Куфер“ од Ерол Туфан содржи триесетина песни, а збогатена е и со илустрации од Владимир Мартиновски. Во книгата се објавени и два пригодни поговора од проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска и од Силвана Димитриевска. Промотори на збирката се Лидија Капушевска-Дракулевска и Владимир Мартиновски, а модератор на настанот е Јулијана Величковска. Ерол Туфан е роден во Гостивар, 1959 година. Тој е поет, есеист и преведувач. Студирал право во Скопје и Конија. Работи како самостоен адвокат во Истанбул. Досега во Скопје на македонски ги објавил книгата есеи „Книгољубецот“ (2006 и повторно во 2011), книгата поетски есеизации „Несоници“ (2020) и книгите поезија: „Балкански син“ (2013), „Камчето од Вардар“ (2016), „Ликовите во мене“ (2021). Двојазичниот избор од поезијата на македонски и турски јазик „Меланхолија/Melankoli“ (2020) објавена во Скопје. Изборите „Ерол трагом Ерола“ (2016) и „Књигољубац“ (2017) му се објавени во Србија. Ја приреди и во 2019 ја објави книгата „Компаративни поетики“, дел од богатата оставина на својот татко Музафер Туфан. Во Истанбул објавена му е стихозбирката на турски јазик „Hülya bitince“ (2021). Член е на Друштвото на писателите на Македонија, Удружење Књижевника Србије и на Турскиот вакуф на писателите. ки/са/    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан