Промоција на книгата „Што ми остана од тебе” од Ана Љубиќ во Занаетчиски дом - Куманово
- Книгата „Што ми остана од тебе“ од авторката Ана Љубиќ ќе биде промовирана вечер во Занаетчискиот дом Куманово во 19:30 часот.
Куманово, 6 јуни 2023 (МИА) - Книгата „Што ми остана од тебе“ од авторката Ана Љубиќ ќе биде промовирана вечер во Занаетчискиот дом Куманово во 19:30 часот.
Љубиќ е студент на Филолошкиот факултет, на Катедрата за македонска книжевност и култура. Таа пишува од своите детски денови песнички за деца кои прераснуваат во поинакви емотивни стихови, кои влегуваат во нејзината прва стихозбирка „Ловец на соништа“ објавена во 2018 година.
„Што ми остана од тебе“ е книга која опфаќа повеќе мотиви, љубов, копнеж, страдање, трагање по саканиот, загуба и ново раѓање, затоа што и животот е исполнет со сите овие мигови.
Рецензент на книгата и промотор е професорката и директорката на Градската библиотека „Тане Георгиевски“ Куманово, Христина Алексовска, а промоцијата ќе биде збогатена со сценска изведба, танц и музика. ам/мд/
Фото: Ана Љубиќ