• среда, 25 декември 2024

Промоција на книгата „Суверенитет наспроти интегритет“ на Универзитетот во Тетово

Промоција на книгата „Суверенитет наспроти интегритет“ на Универзитетот во Тетово
Тетово, 17 март 2022 (МИА) - На Универзитетот Тетово денеска беше промовирана книгата „Суверенитет наспроти интегритет“, Зад сцената на дијалогот и предизвикот за помирување меѓу Косово и Србија (2005-2020) од Арбен Чејку, поранешен амбасадор на Република Албанија во Северна Македонија. Во име на Универзитетот во Тетово, со поздравни зборови на присутните им се обрати ректорот проф. д-р Решат Ќахили. -Никаде подобро не може да се зборува за суверенитет, интегритет и дијалог отколку на Универзитетот во Тетово. Овде, во земјата каде што вие сте фактор на стабилност, фактор на мир, фактор на суверенитет на Северна Македонија и улогата што ја играте овде е многу важна за да се разбере оваа книга или да се разбере оваа порака, порача авторот во обраќањето. За книгата на амбасадорот Чејку свои мислења истакнаа универзитетските професори Илбер Села, Теута Арифи и Ветон Латифи.ас/вј/

Остани поврзан