• петок, 28 јуни 2024

Промоција на зборникот „Антево дело“ во Куманово 

Промоција на зборникот „Антево дело“ во Куманово 

Скопје, 19 јуни 2023 (МИА) - Зборникот на трудови од меѓународниот научен симпозиум „Антево дело“ ќе биде промовиран вечерва од 19 часот во Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Како што информираат организаторите, трудот ќе го претстави професор д-р Кристина Николовска, која ќе одржи и беседа за делото и творештвото на Анте Поповски, а присутните ќе имаат можност да слушнат и кус рецитал - изворно со гласот на Анте Поповски, но и снимки од негови песни во интерпретација на познати артисти. ар/дма/

Фото: Тимот на Антево перо

Остани поврзан