Промоција на детската стрип-книга „Авантурите на СМАрагдната Ада“
- Детската стрип-книга „Авантурите на СМАрагдната Ада“, посветена на децата со спинална мускулна атрофија, ќе биде промовирана денеска во Скопје.
Скопје, 16 ктомври 2022 (МИА) - Детската стрип-книга „Авантурите на СМАрагдната Ада“, посветена на децата со спинална мускулна атрофија, ќе биде промовирана денеска во Скопје.
Целта на книгата е да едуцира и да ја подигне свеста да се премостат разликите и да се прифати целосната инклузија на децата со спинална мускулна атрофија (СМА) во општеството.
На промоцијата на „Авантурите на СМАрагдната Ада“ ќе говорат Александра Ивановска - раководител на Рош Македонија, Снежана Тодоровска - претставник на Здружението СТОП-СМА, Аспазија Софијанова - директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести и Иван Барбов - директор на Клиниката за неврологија.са/дма/