• петок, 05 декември 2025

Промоција на „Гласот во твојата глава“ - нова книга од Коста Петров

Промоција на „Гласот во твојата глава“ - нова книга од Коста Петров

Скопје, 29 октомври 2025 (МИА) - „Гласот во твојата глава“, нова книга од Коста Петров во издание на Издавачки центар ТРИ, ќе биде промовирана вечер од 19 часот во  Three Kitchen Bar.

-По големиот успех на неговите претходни книги, Петров се враќа на сцената со дело што ветува да ја допре најдлабоката точка во секој читател.  
„Гласот во твојата глава“ е искрена, сурова и интимна автобиографија на гласот што секој од нас го носи во себе – гласот на стравот, сомнежот и самосаботажата.  Преку лични приказни и длабоки размислувања, Петров ги води читателите низ најтешката, но и најважната битка – битката со самите себе. Оваа книга не е само сведоштво, туку и покана за ослободување, прифаќање и враќање на тишината во умот.  „Гласот во твојата глава“ е книга што ќе ве натера да застанете, да се слушнете себеси и конечно – да го запознаете гласот кој толку долго живее во вас, соопшти ТРИ.

Издавачкиот центар најави „уште еден успешен бестселер на авторот“ и соопшти дека настанот е отворен „за сите љубители на литературата, психологијата, самооткривањето и самоподобрувањето“. хс/дма/

Фото: Издавачки центар ТРИ  

Остани поврзан