• петок, 22 ноември 2024

Промоција на Водич за интегритет на медиумите

Промоција на Водич за интегритет на медиумите

Скопје, 15 декември 2023 (МИА) -  Во Клубот на новинарите во Скопје денеска ќе биде промовирано изданието „Меѓу предизвиците и решенијата - Водич за интегритет на медиумите во Северна Македонија“ од авторката Марина Тунева.

Водичот за интегритет на медиумите ќе го презентира авторката Тунева, а ќе говорат и претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан. 

Водичот, како што соопштуваат од УНДП,  е креиран со цел јасно да се дефинираат главните предизвици и клучните решенија, како и да се поддржат професионалните медиуми во напорите за непристрасно известување и избегнување влијание од центрите на моќ.

Водичот за интегритет на медиумите во Северна Македонија е изработен во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите на локалните заедници за справување со погрешни информации и родово базирани дезинформации“, кој го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) со финансиска поддршка на Данска, Луксембург, Република Кореја и Шведска, во рамки на програмата UNDP Funding Windows. Оваа активност од проектот се спроведува во партнерство со Државната комисија за спречување на корупцијата. дма/бак/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

Остани поврзан