Промотивен настан во Владата по повод имплементацијата на Законот за работно ангажирање лица
- На настанот ќе бидат презентирани новините во Законот, активностите за неговото спроведување и очекуваните ефекти.
Скопје, 3 февруари 2026 (МИА) - Во Владата денеска ќе се одржи промотивен настан по повод почнување на имплементацијата на Законот за работно ангажирање лица.
На настанот ќе бидат презентирани новините во Законот, активностите за неговото спроведување и очекуваните ефекти.
Како што информира Министерството за економија и труд, предвидени се и изјави за медиумите. мч/хс/
фото: МИА