• петок, 05 декември 2025

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд во попладневните часови

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд во попладневните часови

Скопје, 3 ноември 2025 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на слаба магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Следува период на променливо облачно време, по одделни котлини со појава на утринска магла. Во вторник ќе има повремени локални врнежи од дожд и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во деновите од следниот викенд. ац/лв/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан