• петок, 05 јули 2024

Променливо облачно со локален пороен дожд

Променливо облачно со локален пороен дожд

Скопје, 10 август 2023 (МИА) – Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура.вј/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан