• понеделник, 23 декември 2024

Променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и појава на грмежи

Променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и појава на грмежи
Скопје, 27 мај 2021 (МИА) - Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и појава на грмежи. Локално ќе има појава на невреме со поинтензивни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени. УВ=7 Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Во делови од котлината ќе има нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 27 степени. И во петок ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а ќе дува и засилен северен ветер. Температурата во следните денови ќе биде во постепено опаѓање.

Остани поврзан