• петок, 17 мај 2024

Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Скопје, 7 април 2022 (МИА) - Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната од 12 до 18 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени. Во следните два дена времето ќе биде претежно сончево и значително потопло. Во недела ќе има нови врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурите.

Остани поврзан