Променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи
- Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално и со услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
![Променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи](https://new.mia.mk/images/20240525182424_big_730x400_38.webp )
Скопје, 26 мај 2024 (МИА) – Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално и со услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Од УХМР информираат дека во следните денови ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. аа/
Фото: МИА архива