• среда, 08 мај 2024

Производи од грозје на „Неготинско младо вино“

Производи од грозје на „Неготинско младо вино“

Неготино, 5 ноември 2023 (МИА) - Производи од грозје се изложени попладнево на штандови на градскиот плоштад во Неготино, во рамките на настанот „Неготинско младо вино“, што го организира Општината. 

-Ноември е месец на младото вино, се одбележува во целиот свет, па и во Тиквешијата како најголем лозаровинарски регион во државата. Настанот е во пресрет на одбележувањето на 8 Ноември, денот на општината Неготино, информираа од Локалната самоуправа. 

Настанот е збогатен со забавно-музичка програма, што ќе трае до 21 часот. 

-Со богата програма што оваа година Општината ја подготви во чест на денот на градот, ќе биде одбележана 79. годишнината од ослободувањето на Неготино. Големиот број културни, спортски и други настани ќе се одржат од 6 до 8 ноември на повеќе локации во општината, а свечената седница на општинскиот Совет ќе се одржи во среда  со почеток од 11.30 часот во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” во Неготино, ,соопштија од Локалната самоуправа. свд/вј/

Фото : МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан