• сабота, 23 ноември 2024

Производители доставуваат мостри за натпреварот за најдобри вина и ракии

Производители доставуваат мостри за натпреварот за најдобри вина и ракии
Демир Капија, 9 февруари 2022 (МИА) - Според програмата на манифестацијата „Недела на традицијата Свети Трифун 2022“, во просториите на општина Демир Капија во тек е прибирањето на мострите за натпреварите за најдобро домашно вино и ракија, кое ќе трае и во текот на утрешниот ден. За ова попладнево информираа од демиркаписката локална самоуправа. - Дегустацијата ќе се изврши во петок од страна на стручната комисија составена од професионални енолози, а наградите за најдобрите ќе бидат доделени на 14 февруари, на празникот Свети Трифун. Посебно радува фактот што има пријавено и млади учесници во натпреварите за вино и ракија. Тоа значи дека има иднина за лозарството и винарството, како и добра иднина за локалниот економски развој, соопштија од Општината. Претставници од организаторот на настанот, ќе извршат проверка на автентичноста на доставените мостри од вино и ракија, кои ќе бидат избрани за најдобри. свд/мс/

Остани поврзан