• петок, 22 ноември 2024

Продолжува КОП28, нацрт-договорот ги подели земјите

Продолжува КОП28, нацрт-договорот ги подели земјите

Дубаи, 12 декември 2023 (МИА) - Самитот КOП28 продолжува денеска при што преговарачите чекаат нов нацрт-договор по критиките за претходната верзија, што се сметаше за слаба поради недостигот на формулација за „постапно исфрлање“ на фосилните горива.

Околу 200 земји се собраа на самитот во Дубаи во обид да создадат глобален акционен план кој брзо ќе ги спречи климатските промени.

Нацртот, објавен шест часа подоцна од очекуваното вчера, користи нарушена формулација за фосилните горива, што е очигледна отстапка за земјите производители на нафта што се спротивставија на мерката. Обединетите Арапски Емирати, кои претседаваат со овогодинешниот самит, предложија осум опции со кои земјите „би можеле“ да ја намалат емисијата на штетни гасови.

Во нацртот, ОАЕ ги повикаа земјите да преземат мерки за намалување на загадувањето што предизвикува глобално затоплување, што „може“ да вклучи и намалување на потрошувачката и производството на нафта, јаглен и гас. Многу климатски експерти и набљудувачи го критикуваа нацртот за неговиот нејасен јазик.

-Една од опциите е истовремено да се намали потрошувачката и производството на фосилни горива на фер и уреден начин за да се постигнат нула емисии на стакленички гасови до, пред или околу 2050 година, се вели во нацрт-договорот.

Сепак, во оваа деценија немаше „постапно исфрлање“ на јагленот, нафтата и гасот или намалување на нивната употреба, што според научниците е многу неопходно за да се спречи ескалација на климатските промени.

Сега преговарачите чекаат нов текст, на самиот ден на крајот на конференцијата. Околу 100 земји, вклучувајќи ги Австралија, Канада, Чиле, ЕУ, Норвешка и САД го сметаа нацрт-договорот за премногу слаб, барајќи посилни обврски за постепено укинување на фосилните горива. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан