• сабота, 23 ноември 2024

Продолжува изградбата на колектор за фекална канализација во беровското село Будинарци

Продолжува изградбата на колектор за фекална канализација во беровското село Будинарци
Берово, 27 мај 2021 (МИА) - Продолжува изградбата на колектор за фекална канализација во беровското село Будинарци. Целта на реализација на овие активности како што информираа од Општината е да се заокружи процесот за собирање и третман на отпадните води во горното течение на река Брегалница. -Крајната цел е секако заштита на водите на река Брегалница. Општина Берово со оваа активност уште еднаш покажува дека постојано се грижи за подобрување на животот на граѓаните, како во градот така и во населените места. Изградбата на колекторот е во должина од 1,1 километар, а одведувањето на отпадните води ќе се спроведе до локацијата на идната пречистителна станица, истакнаа од Општината. Општината како што додадоа ќе продолжи да работи на подобрување на условите за живот во населените места преку обезбедување здрава вода за пиење и подобрување на комуналната инфраструктура во градот. -Со овој проект, исто така ќе се подобри инфраструктурата по должината на река Брегалница, ќе се подобри заштита на водите во сливот на реката Брегалница, како на површинските, така и на подземните води,  која е стратешка определба и императив,  за сите општини кои припаѓаат на Источниот регион. Проектот се реализира со средства во износ од 3,2 милиони денари од кои 2,5 милиони денари преку Министерството за животна средина и просторно планирање и од  Програмата за регионален развој за 2020 година, а останатите од Буџетот на Општина Берово. вс/свс/

Остани поврзан