• петок, 22 ноември 2024

Продолжува амандманската расправа за измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри

Продолжува амандманската расправа за измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри

Скопје, 11 јануари 2024 (МИА) – Собраниската Комисија за европски прашања денеска треба да продолжи со амандманската расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, поднесен од Владата. За измените и дoполнувањата на Законот вкупно се поднесени 19 амандмани од кои 10 од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ изработени во соработка со Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС). Комисијата во текот на вчерашната седница разгледа и не усвои четири амандмани поднесени од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Амандманската расправа може да трае најмногу три дена. 

Вчерашната седница на Комисијата се одвиваше со серија обвинувања меѓу пратениците од опозицијата и од владејачките партии. Тие меѓусебно се обвинуваа за штитење на нечии бизнис интереси, а оние од опозицискиот блок обвинуваат и за повторна злоупотреба на европското знаменце за носење несуштински закони.

Собраниската Комисија за европски прашања започна со расправа по дневниот ред на кој се ставени шест точки, петте предлог-законски измени за коридорите 8 и 10д, и Предлог-законот за Академија

Со измените и дополнувањата на Законот за игрите на среќа и за забавните игри се предлага ограничување на просториите во кои се приредуваат електронските игри на среќа, односно да може да се приредуваат само во простории на посебните игри на среќа за кои имаат добиено согласност од Министерството за финансии.

Со цел да се намали неограниченото отворање на уплатно исплатните места кај обложувалниците, односно на деловните простории кај автомат клубовите, а со тоа и да се оневозможи лесниот пристап на населението до игрите на среќа, се предлага воведување на ограничување на бројот на уплатно исплатни места на обложувалниците со издадената лиценца, како и ограничување на бројот на деловните простории на автомат клубовите што се отвораат со една издадена лиценца и воведување на надомест за секое ново уплатно-исплатно место за обложувалница и за секоја нова деловна просторија за автомат клуб.

Измените на Законот предвидуваат соработниците на друштвото кое поднело барање за лиценца или кои сакаат да влезат во постојно друштво кое има лиценца за игри на среќа да мора да поседуваат репутација, а деловните простории во кои се приредуваат игри на среќа во обложувалница и автомат клуб, томболата од затворен тип и електронските игри на среќа да се наоѓаат на оддалеченост не помалку од 500 метри од основни и средни училишта. Начинот на мерење на оддалеченоста, како што стои во предлогот, ќе се утврди со правилник пропишан од министерот за финансии.

Покрај тоа, со измените и дополнувањата се воведува надзорен информациски систем за приредувачите на електронските и интернет игри на среќа, се зголемува месечниот надомест за лотариските и електронските игри на среќа, се посочува дека електронските игри на среќа ќе можат да се приредуваат во простории каде што се приредуваат посебните игри на среќа за кои имаат добиено согласност од Министерството за финансии и се воведува нов начин на пресметка и плаќање на посебната давачка кај приредувачите на посебните на среќа (казина, обложувалници и автомат клубови). Воедно, се зголемува надоместот за издавање на лиценца за обложувалница од 105.000 евра на 200.000 евра, се ограничува бројот на уплатно-исплатни места на 25 со една издадена лиценца. За секое следно уплатно-исплатно место над 25-тото, приредувачот плаќа надомест во износ од 10.000 евра. Се зголемува и надоместот за издавање на лиценца за автомат клуб од 78.750 евра на 100.000 евра. Се прецизира дека лиценцата за приредување на игри на среќа во автомат клуб се однесува за три деловни простории и се воведува надоместок во износ од 30.000 евра. Се зајакнува регулативата и во делот на интернет игрите на среќа со имплементирање на препораката на Комисијата за принципите за заштита на потрошувачите и играчите на онлајн услугите за коцкање и за спречување на малолетници од коцкање преку интернет.

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) и Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ), денеска по повод Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на сре

Од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) на вчерашната прес-конференција побараа итно повлекување на Предлог-законот за игри на среќа и формирање работна група од експерти, претставници на индустријата и Владата со цел, како што посочија, носење на нов функционален закон. За време на траењето на вчерашната седница на Комисијата, тие одржуваа мирен протест во „Жена парк“.

Горан Стојменов, претставник на АПИС вчера изјави дека евентуалното усвојување на измените во ваква верзија ќе остави 10 000 вработени без егзистенција, а Буџетот ќе загуби 280 милиони евра годишен приход. Доколку не ги прифатат предупредувањата, Стојменов потенцираше ќе следат серија масовни протести и други демократски форми за изразување незадоволство.

Претседателот на АСОМ, Васко Илиевски вчера истакна дека блокирањето на улицата пред Собранието е само прва од блокадите што ќе следуавaат сѐ додека не се слушне нивниот глас. Целта на овој закон, според Илиевски, „е да се затворат легалните домашни компании, за да може Владата преку онлајн страници со странски компании од Бугарија да го преземе бизнисот“.фф/aa/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан