• петок, 22 ноември 2024

Продолжуваат разговорите за измени на Изборниот закон на БиХ

Продолжуваат разговорите за измени на Изборниот закон на БиХ
Сараево, 10 февруари 2022 (МИА) - Во Сараево денеска продолжуваат разговорите за измените на Изборниот закон на Босна и Херцеговина. Состанокот го организираат претседателите на Народот и правдата (НиП) Елмедин Конаковиќ и Алијансата за подобра иднина (СББ) на Босна и Херцеговина, Фахрудин Радончиќ. Новата рунда разговори ќе следи по преговорите во Неум кон крајот на јануари, кои завршија без конкретен договор, а со посредство на претставниците на САД и ЕУ, Метју Палмер и Анџелина Ајхорст. Се очекува на состанокот во Сараево да учествуваат и партиите кои беа на разговорите во Неум - Партијата за демократска акција (СДА), Хрватската демократска заедница (ХДЗ) на Босна и Херцеговина.. Лидерот на ХДЗ БиХ, Драган Човиќ вчера изјави дека, во зависност од исходот од овие разговори, седницата на Хрватското народно собрание (ХНС) на Босна и Херцеговина, закажана за 19 февруари, ќе ги насочи сите понатамошни чекори и ќе биде обврзувачка за сите хрватски официјални претставници на сите нивоа на власта. ми/

Остани поврзан